Свет

(Видео) 40.000 луѓе раселени поради поплави: Опасноста допрва доаѓа

Поплавите во Бангладеш однесоа многу куќи и мостови и раселиа најмалку 40.000 луѓе, соопштија денеска властите.

Многу училишта се затворени, а метеоролозите најавија нови обилни врнежи во наредните денови, што дополнително ќе ја влоши ситуацијата, пренесува Ројтерс.

Беа формирани повеќе од 600 медицински тимови за помош на загрозените.

„Презедовме мерки за справување со ситуацијата“, изјави директорот на службите за итни случаи во Бангладеш, Резванул Рахман. Сезоната на монсуните, која започнува на крајот на мај, предизвика поплави во Индија и соседен Бангладеш.

Во последните 24 часа во Индија животот го загубија шест лица како последица на поплавите, па бројот на жртвите во државата Асам од мај се зголеми на 72 На повеќе од два милиони луѓе им се закануваат поплави во таа индиска држава.

To Top