Свет

Се судрија автобус и камион: Најмалку 18 загинати

Најмалку 18 лица загинаа денеска во судир на патнички автобус и камион кој превезувал млеко во северна Индија, соопштија властите.

Во несреќата се повредени 19 лица кои се пренесени во болница, пренесе агенцијата АП. Како што изјави припадникот на полицијата, нивната состојба е стабилна.

Тој додаде дека се утврдува идентитетот на жртвите, како и причините за несреќата.

Судирот се случил на автопат во индиската држава Утар Прадеш.

Автобусот се движел од северната држава Бихар кон главниот град Њу Делхи.

Локален функционер изјавил дека според првите резултати од истрагата, можно е автобусот да се движел со преголема брзина кога удрил во камионот пред него, а потоа од силината на ударот двете возила се превртеле.

На почеток