Пандов за Катица Јанева: Не ја најдовме во канцеларија..
Управата за извршување санкции ќе бара Катица Јанева да не користи повеќе погодности и да оди на работи, оти при контрола не ја затекнале во адвокатската канцеларија на нејзиниот суд. Ова го посочува Александар Пандов, директор на Управата за „Скопје1“. Според него, вратите биле затворени од канцеларијата, а Јанева не била внатре.
„Направија увид две службенички од Управата, имавме анонимна дојава. И по таа проверка се констатираше дека не е присутна таму. Затворена беше канцеларијата. И е одземено правото да оди на работа“, рече Пандов за „Скопје1“.
Тој дојдаде дека таа не смеела да оди надвор од канцеларијата без дозвола од нив: „Ние не издаваме дозволи на ниту едно лице, ако треба да е во движење.. Не може да е сервисер, возач, дистрибутер.. Хипотетички кога се ангажира затвореник, тој има право д 9 до 4 да биде пример во студио.. Потоа да излезе.. Ако има здравствен третман, треба да извести“.
Јанева се уште ја издржува казната за случајот „Рекет“. Таа беше прв човек на СЈО, кои гонеа високи функционери, меѓу кои и од ВМРО-ДПМНЕ.