Свет

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ги погоди Филипините

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди Филипините, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).

Епицентарот на земјотресот бил во близина на вториот по големина филипински остров Минданао, на длабочина од 630 километри.

Сеизмолошката агенција на Филипините соопшти дека не се очекува земјотресот во длабоко море да предизвика штета, но се очекуваат последователни потреси, пренесува Ројтерс.

Филипините се наоѓаат во пацифичкиот „Огнен прстен“, каде што се чести вулкански активности и земјотреси.

На почеток