125 санкционирани возачи во Скопје
Од
Објавено на
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, девет мерки за користење на мобилен телефон при управување, шест санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за некористење на сигурносен појас, 19 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикл.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.