Македонија

Анима Мунди: Не за стрелиште во Маврово

,,Во близина на детското одмаралиште Бунец, и некаде 40 метри од главниот пат за Маврово се спроведуваат градежни активности кои најгрубо ја деградираат и сакатат природата и живиот свет, нанесувајќи неповратна штета на природниот баланс во целиот регион, на државата и нашите природни ресурси. Се гради стрелиште, во близина на хранилиште на дивеч за кое мештаните не знаат речиси ништо, без решение за градба од општина Маврово Ростоше, или каков бил документ, иако Националниот парт Маврово неколку пати по ред го одбива барањето согласност за изградба.

Животните кои и така се без доволно храна поради градежните експанзии во Мавровскиот дел, во околности каде ресурсите дури и за вода им се ограничени, сега ги чека најсвиреп упад во нивните живеалишта, стрелиште кое ќе ги изложи на стрес, страв и одстапување од нивната природна територија на движење.

Животната средина, управувањето на шумите и заштитените подрачја, издавањето дозволи за есксполатација е исклучително плодна почва за корупција, што е нотирано во сите ЕУ извештаи. За оваа сулудо и погубно по природата дејство, постои согласност од Министертвото за заштита на животна средина, издадено пред истекот на мандатот на претходниот министер. Бараме итна ревизија за ова да се спречи! Ги повикуваме сите институции, сите засегнати, граѓанските организации на кои ова поле им е од најтесна експертиза да реагираат, да се преземе се да се запрат градежните активности, да се спаси Маврово.

Не дозволуваме нечиј бизнис интерес да стои над интересите на јавноста, природата, живиот свет кој како и во која форма ќе опстои, зависи од нас.

Не за стрелиште во Мавровo”, пишуваат Анима Мунди.

На почеток