Екатимерини: Премиерот на С. Македонија го употреби „Македонија“ во говорот на самитот на НАТО
Од
Објавено на
На Самитот на НАТО во Вашингтон во средата, премиерот на С. Македонија, Христијан Мицкоски, неговата земја ја нарече „Македонија“, а неговата влада како „македонска“, објави Екатимерини.
Мицкоски во неговата изјава ја нагласи посветеноста на земјата за промовирање на мирот, стабилноста и меѓународното право.
,,За нас, како мала нација, важно е да донесеме значајни одлуки кои ќе ја обликуваат иднината на човештвото. Македонија како земја планира да продолжи да ги промовира ваквите вредности. Како македонска влада стоиме покрај нашите сојузници и ја афирмираме слободарската слобода на македонскиот народ и граѓани“, додаде Мицкоски, напиша Екатимерини.