Македонија

Малолетник и малолетничка завршија во болница откако имаа несреќа во Велес при управување на мопед

На 10.07.2024 околу 21.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Вардарска“ во Велес, мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник, паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во болница во Велес.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

To Top