Граната најдена во Гевгелија при ископ на песок во сепарација
Од
Објавено на
На 10.07.2024 во 13.30 часот во Полициската станица Гевгелија, Ј.Х.(57) од Гевгелија пријавил дека при ископ на песок во сепарација во близина на „Македонија пат“ – Гевгелија била пронајдена граната.
Од страна на инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување таа била безбедно подигната и утврдено е дека станува збор за артилериска граната 155 мм, која потекнува од Првата светска војна.