Магазин

Неверојатна снимка од Грција: Туристите мораа да допливаат до траектот

Едно необично видео ни доаѓа од Грција каде на туристите им било кажано дека мора да допливаат до траектот.

По снимката од грчката плажа Балос, на која се гледа дека туристите треба да пливаат за да се качат на траектот, Министерството за поморство одлучи да започне со изградба на пловечка платформа.

Имено, како што пренесуваат локалните медиуми, туристите биле снимени како ги носат своите работи во рацете над главите додека се движеле од брегот до траектот, а потоа скокаат на платформата на бродот, обидувајќи се безбедно да се качат.

Им помагаат работници на траект и други туристи, како и јаже кое е донесено на брегот.

To Top