Коронавирус

„Политичарите нека си се верници и не ми смета и никој не треба да им брани. Но, верници да се за по дома, на верски празници“

Поранешниот функционер на СДСМ, Фатон Асани, се огласи по последните поделби на јавноста кои настанаа откако во Собранието се изведуваше обред за молитва, а по повод геноцидот во Сребреница. Асани им порача на политичарите да не ја злоупотребуваат религијата за пусти гласови и дека таа е за дома.

„Бидејќи многу мои партиски другари го искажале својот став околу настанот во Македонското собрание, па и јас како муслиман по религија, а и како поранешен функциониер, сметам дека не треба да го поминам преќутно.Така што сакам да го кажам следново:

За да сме на чисто од почеток, одамна имам речено дека држава и религија не одат ЗАЕДНО ако сакаме да имаме ДРЖАВА, а за жал во Македонија таа работа е настаната БОСАНСКИ ЛОНЕЦ (кој бил во војска ЗНАЕ), тогаш треба да се направи разлика.

За пусти гласови и РЕЛИГИЈАТА ја ставивме во служба на партиите и тоа кој многу повеќе кој помалку, но ставиле прсти, а ДОКАЗ се последните парламентарни избори.

Политичарите нека си се верници и не ми смета и никој не треба да им брани. Но, верници да се за по дома, на верски празници. Држава и религија реков не може заедно ако сакаме ДРЖАВА,бидејќи сите знаеме какво мултикулти општество е нашето и е многу осетливо на тоа прашање. Нооооо!Да не гледаме само со едно окоооо!

Државните канцеларии пливаат во религиски обележја,редовно религиски празнични обреди во истите,или пак сигурно поради СЕКУЛАРНОСТА во центарот на Прилеп до ден денес никој не ја чепнал обезличената џамија која беше разурната во далечната 2001… Па примерот на препишувања и посвојување на државни објекти и имот на име на верските заедници се прави бидејќи сме секуларна држава? Не другари, почнав и ќе завршам за да сме на ЧИСТО!!!! Држава и религија не оди заедно, посебно кај нас, во Нашата Македонија.

И да сум уште појасен, под услов да не постоеа горе спомнатите факти за несекуларни постапки, и јас го осудувам чинот во Собранието, бидејќи не носи ни убави ни напредни работи… Македонија е на сите НАС и да почнеме да гледаме во ИДНИНАТА…..и извинете ме тие што се нашле навредени во напишаново но за жал таа е вистината и од неа нема бегање!!!

To Top