Скопје

(Видео) Се крие ли Арсовска од револтот на скопјани? Ќе поднесе ли оставка?

Градоначалничката Данела Арсовска не се појави на литургијата со г.г. Стефан во црквата „св. Петар и Павле“ која се одржа во петокот, не одговара на медиумски прашања, а ниту на прашања од новинари. Ваквото однесување на Арсовска доаѓа во период кога сите очи се вперени во неа, граѓаните се револтирани од автобускиот превоз кој е во рацете на градското претпријатие ЈСП, контејнерите често се преполни со отпад, а градот има проблем со чистотата.

На литургијата со г.г. Стефан беше прустен само Драган Митковски-Книга, кој беше носител во изборна единица за партијата на Арсовска во текот на изборите.

Побаравме одговори од Град Скопје дали Арсовска се крие поради револтот на скопјани од нејзиното (не)раководење на градот – но, не добивме одговори. Меѓу другото, неодговорено остана и прашањето дали планира да се повлече од функцијата кое го поставивме неколку пати во изминатиот период – по барање на граѓани. Ова прашање и го поставивме лично на нејзе преку СМС-порака – на што исто така има молк.

Арсовска е слабо актива и на социјалната мрежа „Фејсбук“. Објавите се за по некој културен настан, добиена награда, социјален проект. Но не и коментарите. Во нив, и кажуваат колку проблеми има Скопје.

Меѓу другото, има и коментар кој и посочува на проблем, а потоа и дека ќе има одговорност.

За Арсовска и нејзиниот однос во поткастот „Претрес со Ландов“ сведочеше и нејзиниот поранешен советник, Умејр Мухамеди. За обвинувањата на нејзина сметка, побаравме став од Град Скопје и градоначалничката. Досега, немаме одговор. Тој раскажа за местени тендери, ужасен однос кон вработените, за платните списоци, патувањата на градска сметка… Поткастот:

To Top