Охрид

Прилепчани уапсени на паркинг во Охрид, а двајца стружани среде центарот на градот

На 13.07.2024 во 21.45 часот, на паркинг простор во близина на плажа во Охрид, приведени се М.М.(25) од Струга и Г.Ј.(30) од Прилеп. При извршен преглед, полициските службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај нив, пронајдоа и одзедоа марихуана, како и предмети со остатоци од марихуана.

На 13.07.2024 на улицата „15 корпус“ во Струга, приведен е Е.Р.(21) од Струга. При извршен преглед, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.

На 13.07.2024 во 00.50 часот, на улицата „15 корпус“ во Струга, приведен е А.М. (20) од Струга. При извршен преглед, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, кај него пронајдоа и одзедоа четири паковки со марихуана.

На почеток