Скопје

(Фото) Алармантно станува: На носила ти ги изнесуваат патниците од ЈСП!

Подолг период жителите на Скопје сведочат на нередовноста на јавниот превоз и гужвите во автобусите како последица на тоа. Градоначалничката Данела Арсовска исто толку време молчи за проблемот предизвикан од ЈСП, од менаџер кој таа го поставува и разрешува.

Овие фотографии се од утринава. Ги објави новинарката Соња Христовска Угриновска. На патник му се слошило. Во коментари, скопјанка коментира и: „Лудило е ова. Секој ден среќа е да стигнам на работа“.

„Скопје1“ неколку пати ја контактираше Арсовска која тера инат криејќи се од јавноста, не повлекувајќи се од функцијата, иако проблемите во градот се собираат. Таа не одговара на прашања од јавноста.

To Top