Скопје

Стартува проектот „Мој Карпош – Моја Картичка“

Жителите на Општина Карпош имаат можност да користат одредени попусти при користење на услуги во над 250 фирми и компании кои работат на територијата на локалната самоуправа: ресторани, кафулиња, спортски објекти, ординации, книжарници, но, и кај производители на ИТ опрема, дизајн студија, сервиси и многу други.

Општината, во изминатиот период, беше „медијатор“ меѓу бизнисот и граѓаните и преку паролата „Добро за бизнисот, повеќе за граѓаните“ се обиде да ги спои нивните интереси и со тоа да го поттикне развојот на локалниот бизнис, а на граѓаните да им обезбеди полесен пристап и поевтини услуги од локалните компании.

Вакви искуства со користење на бенефицирани картички се користат во повеќе метрополи ширум светот, како Амстердам, во Нови Београд, а во Македонија, за прв пат тоа го прави Општина Карпош.

Градоначалникот на Општината Стефан Богоев на промоцијата на картичката истакна:

– Со ова всушност се реализира еден од главните мои предизборни проекти наменети за граѓаните и бизнис секторот во Карпош. Токму од Лептокарија, при средби со дуќанџиите ја најавив картичката. Денеска, од еден од најкултните локали во нашиот Карпош, започнуваме со долгонајавуваната картичка за попусти и бенефиции.

Картичката „Мој Карпош“ е проект кој постојано ќе се унапредува и ќе се развива, вели градоначалникот.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток