На 04.03.2019 год. околу 15.00 час.на ул.2-ра Македонска Бригада наспроти црквата во нас. Скопје Север при преземање мерка за сторен сообраќаен прекршок, паркирање на возила на коловоз и тротоар, група лица револтирани од постапувањето на полицијата поставиле контејнери на самиот коловоз, при што го блокирале сообраќајот, но по кратко време тој е нормализиран.
Повикано е полициско засилување од редовната полиција, а во меѓувреме насобраните граѓани се разотишле.