Македонија

Марјан Доказ ослободен од обвинувањата дека правел рекет и уцена

Марјан Стаменковски, сопственикот на порталот „ДоказМ“е ослободен од обвинението за рекет и уцена во обид, бидејќи ги немало сите елементи на кривичното дело, одлучила Апелација.

Стаменковски се гонеше дека уценувал поранешен директор на Царина, а се бранеше дека сите информации ги добивал од обвинителите Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев, кои ги нарекуваше свои „соработници“.

Првиот човек на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, против двајцата обвинители Фетаи и Рајчев во мај 2023 година поднел кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на лични податоци, но се уште нема обвинение против двајцата обвинители. Хајрулахи во поднесол известување во форма на кривична пријава до тогашниот јавен Јавниот обвинител, Љубомир Јовески, за да се определи друго ОЈО надвор од надлежноста на Вишото, но до завршување на неговиот мандат нема епилог. Сега предметот е во Обвинителството во Битола.

За ширење на расистички и ксенофобичен материјал на интернет и уцена и злоупотреба на лични податоци, Стаменковски доби 3 години и 1 месец казна затвор.
За околу една година од сега, Стаменковски целосно ќе ја отслужи затворската казна.

На почеток