Македонија

(Видео) Пожарот опасно се приближува до Јасен – детали од ЦУК Охрид

Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека од ТППЕ М.Брод известиле за пожарот во атарот на с.Тaжево кон Борова Брезница каде што гори борова шума. Пожарот се движи кон Тажево и ако ја помине линијата, сртот меѓу Борова Брезница и реката понорница Оча, ќе преставува опасен пожар што тешко се гасне заради присуството на густа шумска вегетација, а теренот е под агол од околу 50/60 степени со голема длабочина, што освен што е непристапен за ПП сили по земја, тешко пристапен е и за ПП воздухоплови.

На терен имало во прво излегување тим од 4 вработени од Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“, а од утрово тој број е зголемен, на терен со уште 10 вработени и други лица (најмалку 15 луѓе) задно со директорот, а имало и едно теренско возило што било специјализирано за гаснење шумски пожари.

Планирано е да интервенираат од ТППЕ Македонски Брод од ЈП „Национални шуми“ подружница Македонски Брод и се планирало да се побара да се активираат летала за гасење од воздух (Општина Македонски Брод).

To Top