Повреќе пари за пензионерите и општините, се крати од здравство и студентите
Ребалансот на буџетот влезе во Собрание. Со ребалансот на буџетот се предвидува јавниот долг на државата годинава да достигне рекордни 9,2 милијарди евра, односно 68,2 проценти од бруто домашниот производ.
Ребалансот предвидува буџетската дупка годинава да се зголеми за нови 180 милиони евра.
Намалени се очекувањата за раст на економијата од 3,4 на 2,1 отсто.
Според текстот на ревалансот, се крати од здравството, финансиите и одбраната, се додава кај платите за администрацијата, пензионерите, земјоделците, локалната самоуправа.
Најголемиот дел од дежавната каса, 4,95 милијарди евра се за социјални трансфери, плати и пензии.Ако се спореди со основниот буџет, средствата за оваа намена се зголемени за 4,9 проценти.За пензии се предвидуваат 1,47 милијарди евра. Овде растот е шест проценти а разликата меѓу ребалансираната и првичната сума изнесува 83 милиони евра.
Трошењата пак се намалени:капиталните расходи се пониски за близу 2,6 милиони евра а надоместоците за невработени се помали за 1,6 милиони евра.
Кратења на средствата со ребалансот има за пет министерства. Најмногу – за 149 милиони евра – во Министерството за траспорт, 33,5 помалку добива одбрана, 13,3 милиони евра на економија и труд, за 10,3 милиони евра финансии и за 7,5 милиони евра се намалени парите за Министерството за здравство.