Македонија

Пак активен пожарот над Огражден: испратени екипи за брзо спречување на проширување

Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека пожарот над с.Баделен на планината Огражден се активирал на едно жариште кон с.Стиник на коешто дејствувал романски авион со еден налет.

Но, тоа не било доволно, па се очекува повторно дејство од воздух како не би се проширил кон с.Стиник.

На терен е тим од 3 пожарникари со 1 теренско возило, 2 вработени од ЈП „национални шуми“ со 1 теренско возило и од МВР има тим од 3 полицајци со 1 возило (Општина Ново Село).

To Top