Ужасна несреќа: Се судриле две возила, трето удрило во пешаци кои со повреди завршија во болница


На 19.07.2024 во 16.55 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосницата од ул.„Љупчо Сантов“, ул.„Браќа Ставреви“ и ул.„Раде Кратовче“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Е.А.(42) од Кочани и патничко возило „бмв“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.И.(32) од Кочани, по што возилото „фолксваген поло“ удрило во пешаците Р.К.(50) од Кочани и М.Р.(20) од с.Оризари, кочанско, и во паркирано патничко возило „рено“ со кочански регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.К., додека со телесни повреди се здобиле М.Р и двајцата возачи, констатирани во Јавна здравствена установа Кочани.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
