(Фото) Сѐ уште има жаришта на Серта, едно од нив е во правец на Криволак, објави Тошковски кои се сретна со сите кои го гаснеа пожарот


„Денеска заедно со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов ја посетивме планината Серта, каде во изминатите денови се справуваме со активен пожар од големи размери. Состојбата е значително подобрена, но се уште има жаришта кои горат, како што е жариштето позади военото стрелиште Пенуш во правец на Криволак“, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и додава:
„Благодарност до сите што учествуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија нашата Македонија. Вашата пожртвуваност и напорна работа се непроценливи. Посебна благодарност до Даре, доброволец од Дирекцијата за заштита и спасување, кој денеска при гаснењето на пожарот ја скршил раката, но и покрај тоа остана со своите колеги до крајот на денот. Даре е вистински херој и пример за сите нас, а неговата храброст и посветеност инспирираат.
Исто така, денеска го посетивме и селото Пухче кое се наоѓа од другата страна на Серта во правец на Штип, каде исто така има пожар. Апелирам до сите граѓани да избегнуваат движење во шумите и секое сомнително движење или сомнителна активност од било кого да го пријават во полиција. Шумите се нашето природно богатство и заедно треба да ги чуваме и штитиме“.
