Скопје

Пет затвореници избегале од затворот во Шутка: во петокот се појавиле оти имало контрола од Управата

Пет затвореници од оние кои Управата за извршување за санкции не ги затекна при проверка во затворот „Скопје“ во Шутка, од ноќеска се во бегство, дознава „Скопје1“. Ова доаѓа откако против нив не била покрената соодветна постапка за преместување во приемниот или затворениот дел на затворот, по сторувањето на прекршокот констатиран од Управата. Тогаш, во јавноста се појави информација дека лицата кои ги немало, па се вратиле – биле повикани по телефон. Ова не е потврдено досега од никого.

„Скопје1“ побара одговори од Министерството за внатрешни работи, каде прашавме колку лица се пријавени за избегани од затворот. Оттаму најавија одговор веднаш штом ги направат проверките со СВР Скопје.

Според неофицијални информации, овие пет лица се истите кои вo петокот не биле затекнати во затворот, иако на хартија се воделе дека се таму. За ова постојат и службени белешки. При ваков случај, се покренува дисциплинска постапка, а до нејзиното завршување, затворениците кои не ги испочитувале правилата остануваат без привилегии како што се отсуство за работен ангажман, отворен третман, работен ангажман во склоп на затворот.

Директорот на Управата, Александар Пандов, најави прес-конференција за во 12 часот.

 

БОНУС ВИДЕО:

To Top