Македонија

Македонија ја очекува ново силно невреме

Денес (среда) особено од пладневните часови и тоа поради продор на посвежа воздушна маса од север и нејзиниот судир со многу потоплиот воздух од југ во поголем дел од Македонија се очекува развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради ваквата ситуација, на повеќе места во Македонија ќе има појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град.

И во Скопскиот регион денес од пладневните часови ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме.

Апелираме на голема внимателност, односно во случај на појава на невреме, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени, во Скопје температурата денес ќе се искачи до околу 36 степени.

To Top