(Фото) Македонци останаа без таблици во Грција, откако паркирале непрописно на кружен тек
Од
Објавено на
Македонци кои отидоа на одмор во туристичкото место Пиреа во Грција, останаа без таблици. Срби во една група за патувања, објавија фотографии на кои се гледа како лице (веројатно службеник), ги симнува регистрациите.
Причината за ваквиот чин е тоа што македонските автомобили биле паркирани непрописно, односно на кружен тек. Станува збор за возила со скопски таблици.
Честите посетители на Грција посочуваат дека симнувањето на регистарски таблици е редовна практика и согласно закон кај нив.