Најчевска пак удри по министерката Јанева: Најлоша министерка!
Професорката по право, Мирјана Најчевска одново жестоко ги нападна политиките на министерката за образование, Весна Јанева. Според Најчевска, Јанева е на врвот од листата на најлоши министри.
„Мислев дека Тодоров и Новковски и онаа економистката од правен (како ли се викаше) се најлошите министри за образование (албанските не ги ни рачунам тие беа министри на албанските партии). Колку сум грешела. Оваа министерка е врв. Абе. ќе ги прашала универзитетите. Затоа што ја почитува нивната автономија. Мислам да бидеш таков грев и уставно заштитената автономија на универзитетите да ја сведеш на прашање од страна на некој кој по воља на некоја партија дошол на чело на министерството за образование? Тоа е навистина нешто“, вели Најчевска.
Освен во средните училишта, дуално образование да се применува и на универзитетите преку развивање дополнителни алатки за студентите да имаат што повеќе практика, кажа претходно Јанева. Како што изјави Јаневска по средбата, тоа мора да се направи во договор со универзитетите.