Скопје

ВИДЕО: Падна кров на тоалет во скопски студентски дом, студентите исплашени и револтирани

Во студентскиот дом “Стив Наумов” во Скопје, вчеравечер паднала цела кровна конструкција во еден од тоалетите кои ги користат студентите.

Паднатата конструкцијат уништила и дел од инвентарот во тоалетот, но и личните работи на студентите. Засега нема информации за повредени лица, но, доколку некој ја користел просторијата, случајот можел да заврши трагично.

Студентите се револтирани поради овој случај и велат “Ова не е во ред”. Според нив, лошите услови во студентскиот дом стануваат неподносливи и ги повикаа надлежните од ресорното министерство да реагираа на време, пред ова да се повтори и случајот да заврши трагично.

ВИДЕО: Падна кров на тоалет во скопски студентски дом, студентите исплашени и револтирани

Падна кров на тоалет во скопски студентски дом, студентите исплашени и револтирани

Posted by skopje1.mk on Tuesday, March 5, 2019

Најчитани

To Top
Close