Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски ја води државата напред, а Филипче да каже како направи хациенда од милион евра, купи џип и направи портфолио од фирми

ВМРО-ДПМНЕ: 365 дена, 365 скандали на власта на ДУИ и СДС, никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме

,,Мицкоски ја води државата напред, а Филипче да каже како направи хациенда од милион евра, купи џип и направи портфолио од фирми.

Македонија за еден месец има поголем напредок, од со СДС за 7 години. Државата доби ефтини средства од Унгарија, држава членка на НАТО и ЕУ, по камати пониски од државните обврзници на САД и земјите од ЕУ. Најавена е голема странска инвестиција во областа на зелената енергија, големи странски инвеститори присутни во земјата водени од сигурноста која ја пружа владата се одлучуваат на големи нови инвестиции. Пензиите се покачуваат. Име повеќе за секого.

Филипче пред да зборува за било што, нека каже со кои пари неговото семејство ја изгради хациендата на Водно? Истата со над 400м2 станбена површина чини повеќе од милион евра.

Филипче да каже на чие име е џипот Ауди Q8, и со кои пари е платен и зошто?

Очекуваме одговор и за фирмите во Бугарија, но и за фирмите на брат му со Вице Заев.

Тендер министерот Филипче должи одговорни за Онкологиjа и за Хематологија и Ирина Пановска, и за одуларната болница во Тетово, и за вакцините и за редица други крвави и дебели тендери. Одговори мора да има.”, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на Венко Филипче.

На почеток