Свет

Лидерот на Хамас на Западниот Брег почина во израелски притвор

Прекинати преговорите меѓу Израел и Хамас за ослободување на заложниците

Лидерот на Хамас на Западниот Брег почина во израелски притвор откако му се влоши здравствената состојба, соопштија рано утринава палестинските власти.

Мустафа Мухамад Абу Ара (63) почина откако беше префрлен во болница од затворот Рамон во јужен Израел, се вели во соопштението на палестинската управа за прашања на затворениците.

„Пред апсењето, тој страдаше од сериозни здравствени проблеми и бараше интензивен медицински надзор. Сепак, од моментот на неговото апсење, шеикот Абу Ара, како и сите затвореници, се соочи со злосторства без преседан од почетокот на војната за истребување“, се вели во соопштението за печатот.

Абу Ара, кој беше уапсен во октомври минатата година, беше подложен на тортура и му беше одбиена медицинска помош, соопштија палестинските власти.

Засега нема коментар од Израел за оваа вест.

Најмалку 18 Палестинци загинаа во израелски притвор од почетокот на војната во Газа на 7 октомври, соопшти минатиот месец Здружението на палестински затвореници.

To Top