Охрид

Три апсења во Охрид: на плажа, во кафуле, на булевар

На 25.07.2024 во 19.30 часот на плажа на брегот на Охридското Езеро во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле А.Ј.(20) од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.07.2024 во 16.40 часот во угостителски објект на брегот на Охридското Езеро во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле А.Б.С.(31) од Данска, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, грендер со остатоци од марихуана и други предмети. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.07.2024 во 23.30 часот на булеварот ,,Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле М.К.(22) од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

To Top