(Видео) Црн чад над Охрид: повторно запалена депонијата на влез од градот
Од
Објавено на
Во една недела, по вторпат е запалена депонијата кај Мауцхер, на самиот влез од Охрид. Ова се случува среде туристичка сезона, кога градот е преплавен со туристи.
Со оглед дека времето не е со екстремно високи температури, предизвикувач на пожарот веројатно е човечки фактор.
Противпожарната единица на Охрид од ноќеска го гасне пожарот, но сепак, чадот се гледа од сите делови на Охрид бидејќи надвиснува над градот.