Ни следува сушен и топол период, и тоа поради антициклон, придружен со африканскиот топол бран – постои опасност од нови шумски пожари
Пред нас е сушен и топол период, и тоа поради антициклонот кој ќе биде над нашата територија, односно поле на висок воздушен притисок, но и поради Африканскиот топол бран кој ќе условува топло време со температури насекаде над 30 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурата ќе се искачи до околу 38, 39 степени.
На почетокот на следната седмица повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
Токму поради ваквата ситуација, повторно расти опасноста од појава на шумски пожари во Македонија. Затоа апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни околу тоа како се однесуваат со природата, за да не дојде до повторна појава на шумски пожари.