Дали поранешен затвореник е нов заменик-директор на Идризово: се скараа Владата и СДСМ
СДСМ обвини дека поранешен затвореник е именуван за заменик директор на затворот „Идризово“.
„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не знаат каде тераат. До толку немаат кадри за да ги постават по институциите што луѓе што лежеле затвор, со кривични пријави ги става за в.д. директори на затвори. Со одлука на Мицкоски осуден криминалец кој лежел 4 години затвор е именуван за в.д. директор на затворот Идризово, одделение Велес! Ибрахим Ељези е осуден и лежел 4 години затвор, од 2013 година до 2017 година во Идризово. Кривичното дело за коешто бил осуден е за неовластено производство и пуштање во промет на дрога. Сега истиот овој човек Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го ствааат директор на затвор КПД Идризово, одделение Велес? Ова не е нормално. Па како може осуден криминалец да биде одговорен за затвор?
Но тоа не е се“, вели СДСМ.
Од Владата пак тврдат, не е именуван в.д. заменик на директор на КПД Идризово, а на СДСМ им порачаа да не шират дезинформации во јавноста.
„Во однос на прес-конференцијата на политичката партија СДСМ го истакнуваме следново: Постоеше таков предлог за именување на в.д. заменик на директор на КПД Идризово, но по направените дополнителни проверки истиот не е прифатен. Лицето нема да стапи на функција, и ќе има ново именување на позицијата на следната седница на Влада. Во однос на директорот на затворот во Прилеп за секој поединец има пресумпција на невиност, постоењето на кривична пријава без пресуда која е правосилна не е гаранција за сторено кривично дело. Апелираме СДСМ да не шпекулира и да ја дезинформира јавноста“, велат од Владата.