Ахмети добил мејл дека ќе го бесат: Спремете се!
Од
Објавено на
Пратениците од ДУИ вчера пријавиле дека добиле смртни закани од е-маил адреса чиј корисник е непознат. Во неа стоело „Спремете се за бесилка“. Според Алијсанта на Албанците кои и јавно се пожалија и го осудија потегот, пораката е испратена до Али Ахемти, Блерим Беџети, Рина Ајдари, Садула Дураку, Арбана Пашоли, Дијана Тоска, Илир Хасани и Исмаил Јахоски.
Во неа, меѓу другото стои: „Кучиња од ДУИ, спремете се да ви ја сечеме главата и телото на парчиња, да ве сечеме. Бесилка за вас е спремна, со се фамилијата што ви мрда. Исто бесилка и куршуми за вас“.
Вчера, полицијата извести дека работи на пронаоѓање на испраќачот на мејлот.