(Видео) Ескалираше протестот во Венецуела: Паднаа првите жртви
Најмалку три лица загинаа, а 44 се повредени во судири меѓу полицијата и демонстрантите кои протестираа во неколку делови на Венецуела.
Протестите се одржани откако изборната комисија на земјата објави дека победил актуелниот претседател Николас Мадуро, соопшти денеска организацијата која ја следи состојбата во националните болници, а пренесува италијанската Агенција Нова.
Најмногу инциденти се регистрирани во државата Арагва.
Невладината организација за човекови права Форо Пенал соопшти дека ширум државата се уапсени 46 лица.
Безбедносните сили во Венецуела употребија солзавец и гумени куршуми врз луѓето кои излегоа на улиците на главниот град Каракас да протестираат.
Опозицијата во Венецуела ја оспори победата на Мадуро и тврди дека нејзиниот кандидат Едмундо Гонзалес Урутија победи убедливо со 73,2 отсто од гласовите, додека Мадуро ја обвини опозицијата дека повикува на државен удар.
O povo vai às ruas contra a fraude de Maduro, imagem de Chaves é derruba, a população não aguenta mais socialismo.
Enquanto isso, o melhor amigo do ditador Venezuelano Lula, segue calado, como os covardes fazem.
Vergonhoso mas previsível a postura do “democrata” Lula! pic.twitter.com/UgPKSgovRp— Mauricio Marcon (@Maubmarcon) July 29, 2024