Шеврон доби зелено светло во Венецуела
Од
Објавено на
Министерството за финансии на САД ја одобри корпорацијата Шеврон да го обнови производството на нафта во Венецуела.
Одлуката беше донесена откако венецуелската влада и опозицијата се договорија да започнат преговори за хуманитарни и други прашања во земјата.
Сепак, американските власти истакнуваат дека овој потег е наменет како „причина за преговори“ и дека обемот на производство на Шеврон нема да биде таков што ќе влијае на цената на меѓународните пазари.
Дозволата издадена од Министерството за финансии е со важност од шест месеци и може да се продолжи, пренесува Телетрејдер.