(Видео) Четири населени места на островот Евија се евакуирани поради пожар, пожарникарите цела ноќ го гаснеле пожарот
Жителите на четири населени места на островот Евија во Грција мораа да се евакуираат поради пожар што вчера избувна на тој остров.
Како што јави Катимерини, противпожарните служби цела ноќ го гаснеле пожарот кој се уште гори, па жителите на Климаки, Лиани Амос, Петриес и Криезија морале да се евакуираат.
Противпожарната служба соопшти дека пожарот се движел кон југ.
Во гаснењето на пожарот се ангажирани 205 пожарникари и 56 возила, пет авиони и три хеликоптери.
Заменик-гувернерот на Евија, Јоргос Келаидитис, го опиша пожарот како „многу тежок“ и „неконтролиран“.
WILDFIRE NEWS 🔥 GREECE 🇬🇷
Uncontrollable fire in Petries of Evia, Greece 29-7-24.
🎥 Video: Kwstas Stamatiou #Wildfire #EviaFire #FireSafety #EmergencyResponse #StaySafe #FireAlert #CommunitySafety #GreeceFire #WildfireSeason #DisasterResponse #Firefighters pic.twitter.com/nff5oeOXkI— Kristy Tallman (@KristyTallman) July 29, 2024