Македонија

34-годишник удрил во паркирано возило и во метални столбчиња

На 30.07.2024 во 18.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Христијан Карпош“ во Штип, патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(34) од Скопје, удрило во паркирано возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на И.С.(51) од Штип, по што удрило во И.С., кој бил до неговото возило и во метални столбчиња.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.С., констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

На почеток