Славески: Отворена корупција со нотарски лиценци
,,ОТВОРЕНА КОРУПЦИЈА СО НОТАРСКИ ЛИЦЕНЦИ?
Еден правник, кој на поодминато доба стана професор на еден факултет надвор од Скопје, пред повеќе години ми ги отвори очите за функционирање на еден разработен модел на корупција во високото образование во Македонија.
Човекот со претходно искуство од неколку децении во практиката, за да биде примен на факултетот дал позамашна сума поткуп на факултететслите власти, веројатно на тогашниот декан.
За да си ја поврати оваа своја “инвестиција” новопечениот професор бил “принуден” да зема мито за полагање на испити од студентите.
Имам сознанија дека ваквата шема функционирала и на други високообразовни институции во земјата.
Како и многумина, со неверување ја примив веста, лиферувана веднаш по завршувањето на парламентарните избори, дека со потпис на поранешниот министер за правда, тогаш во заминување, господинот Кренер Лога, била објавена одлука за десеткратно зголемување на цените на нотарските услуги во Македонија.
Некако истовремено, до мене допре информацијата дека лиценците за нотар, преку посредници, биле продавани за суми кои достигнуваат стотина илјади евра! Бог знае каде завршувале тие “црни” пари, но секој мирјанин може да го посочи одговорот на ова прашање.
Интересно е што одлуката за десеткратно зголемување на цените на нотарските услуги била донесена во февруари, но објавена веднаш по парламентарните избори, со одложено дејство за стапување во сила во септември оваа година.
Навидум, звучи многу паметно! На потенцијалните апликанти за лиценца за нотар уште во февруари им се дало до знаење дека нивните услуги ќе може да ги нудат по десеткратно повисоки цени. Вака за релативно кратко време ќе можат да си ја повратат “инвестицијата” од околу стотина илјади евра во форма на поткуп што ќе ги дадат “на рака” за лиценцата.
Се разбира, истата “бенфиција” важи и за имателите на лиценци кои претходно платиле за можноста за отворање нотарска канцеларија, а сеуште не си ја повратиле “инвестицијата” (поткупот).
Значи, кајмакот ќе го собере давателот на лиценцата, а “стапот” ќе го јаде новиот министер за правда, т.е. новата Влада
@VladaMK
, поради револтот од високите цени на нотарските услуги со стапувањето во сила на новиот ценовник од септември.
Што треба да направи новиот министер за правда, г-динот Филков, со поддршка на Владата. Постои начин да бидеме попаметни од претходните креатори на корупциската шема.
Нема сомнение дека одлуката за безобразното зголемување на цените на нотарските услуги треба веднаш да се укине. Но, со овој чин не се постигнува многу.
Мојот предлог е следен: цените на нотарските услуги се намалуваат за најмалку 50% со важност до крајот на годината. Се носи законски пропис со кој се амнестираат сите нотари кои ќе потврдат дека лиценцата ја купиле на “црно” и ќе посочат кому ги дале парите.
Креаторите на оваа срамна корупциска шема се изведуваат пред суд. Од средствата прибрани со конфискација на нивниот имот се обесштетуваат нотарите кои помогнале за откривање на корупцијата во случајот со издавање нотарски лиценци.”, напиша Трајко Славески.
ОТВОРЕНА КОРУПЦИЈА СО НОТАРСКИ ЛИЦЕНЦИ?
Еден правник, кој на поодминато доба стана професор на еден факултет надвор од Скопје, пред повеќе години ми ги отвори очите за функционирање на еден разработен модел на корупција во високото образование во Македонија.
Човекот со… pic.twitter.com/ThmUURhSsP
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) July 31, 2024