Македонија

Владата ги „смести“ и Павле Трајанов и Солза Грчева

Владата на денешната седница донесе одлука за нови кадровски решенија, помеѓу кои и: Павле Трајанов од ДС кој досега многу пати менуваше партиски страни, исто и Солза Грчева од ЛДП, во СДСМ, за на крај да се спои со обвинетиот за убиството на 14 годишната Вања – Љупчо Палевски Палчо, па дури и на почетокот и да го брани и да изјавува дека не се откажуваат од Палчо бидејќи можеби го местеле.
Еве ги новите кадровски решенија:

1. Хасим Муртезани e именуван за заменик на Генералниот секретар на Владата на РСМ.
2. Павле Трајанов e именуван за Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.
3. Блерант Рамадани е именуван за Национален координатор за примена на нови технологии.
4. Солза Грчева е именувана за Национален координатор за реформи во високо образование.
5. Фатон Фазлиу е именуван за в.д. директор на Управата за водење на матични книги, орган во состав на Министерството за правда.
6. Африм Ќоку е именуван за в.д. директор на Државниот девизен инспекторат.
7. Арсим Идризи е именуван за в.д. директор на Инспекторатот за употреба на јазиците.
8. Бехар Емини е именуван за в.д. директор на Фонд за осигурување на депозити.
9. Дејан Станков е именуван за в.д. директор на Државен завод за статистика.
10. Афрона Вервизоли е именувана за в.д. главен ревизор на Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош.
11. Неџмедин Садики на предлог на Министерот за енергетика, рударство и минерални суровини е именуван за в.д. директор на Агенција за задолжителни нафтени резерви.
12. Маја Ковачева е именувана за в.д. заменик на директорот на Агенција за лекови и медицински средства.
13. Бејтула Камбери е именуван за в.д директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
14. Кујтим Ибиши е именуван за в.д. директор на Управата за финансиско разузнавање.
15. Башким Бакиу е именуван за в.д. директор на ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи универзитетски клиники, завод и ургентен центар – Скопје.
16. Маре Богева-Мицовска на предлог на министерот за финансии, е именувана за в.д. директор на Биро за јавни набавки.
17. Игор Лазаревски е именуван за директор на Управата за хидрометеоролошки работи.
18. Наташа Котлар е именувана за в.д. директор на Државен архив на РСМ.
19. Димитар Богески е именуван за в.д. заменик на директорот на Државен архив на РСМ.
20. Наим Љамалари е именуван за в.д. заменик на директорот на КПУ Казнено поправен дом Идризово со отворено одделение во Велес
21. Иво Николов на предлог на членовите на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој е именуван за претседател на Управниот одбор на Фонд за иновации и технолошки развој.
22. Никола Додов на предлог на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој е избран за в.д. директор на Фонд за иновации и технолошки развој.
23. Даниела Станковска Плачковска е именувана за в.д. директор на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.
24. Владата му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” СКОПЈЕ од должноста директор на ЈП за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” СКОПЈЕ за в.д. директор да го избере-Ангеле Сотировски.
25. Владата му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” СКОПЈЕ за в.д. заменик на директорот да го избере-Мевлан Марина.
26. Владата му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за водоснабдување „СТУДЕНЧИЦА’’ – Кичево од должноста вршител на должноста директор на ЈП за водоснабдување „СТУДЕНЧИЦА’’ – Кичево за в.д. директор да го избере-Александар Петрески.
27. Владата му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие „СТРЕЖЕВО“-БИТОЛА од должноста директор на ЈП „СТРЕЖЕВО“-БИТОЛА за в.д. директор да ја избере-Вера Бешлиевска.
28. Владата да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие „СТРЕЖЕВО“-БИТОЛА од должноста заменик на директорот на ЈП „СТРЕЖЕВО“-БИТОЛА за в.д. директор да го избере-Сирија Рашиди.
29. На Наумче Мојсовски, му се утврди престанок на функцијата директор на Агенцијата за млади и спорт согласно закон.

На почеток