Магазин

(Фото) „Интервентна полиција прекина забава во Охрид“, српскиот рапер се пожали дека го симнале од сцена

Познатиот рапер Војаж кој наполни охридски клуб до последно место, морал да го прекине настапот. За ова соопшти самиот на социјалните мрежи. Тој посочува дека причината е интервенција на полицијата. Неточни се шпекулациите за било какви инциденти со убиства.

„Поради претераната посетеност и безбедносната проценка на државните органи, Интервентната едниница реагираше и го прекина мојот настап и ме симна од сцена“, објави тој.

Војаж и се заблагодари на публиката.

„Охрид, бевте прекрасни, навистина ми е жал што настапот беше прекинат бидејќи енергијата беше неверојатна. Но не можеме против одлуките на државните органи. Јас се надевам дека наскоро ќе можеме да го надохнадиме ова, и да направиме поголем спектакл“, додаде тој.

На почеток