(Видео) Сив чад над Скопје, мириса на запалено

Од
Објавено на

Сив чад надвисна над Скопје. Жителите се жалат дека мириса лошо, односно на изгорено. Се сомневаат на пожар, иако засега, од официјалните државни институции за такво нешто.
Од снимките кои ги направивме може да се воочи дека од Карпош не се гледа крстот на Водно, додека другите покажуваат какво сивило има над Скопје.
„Скопје1“ праша во ЦУК и очекува одговори за тоа, дали освен тековните девет пожари има и нови жаришта. Оттаму очекуваме одговори.
Се претпоставува дека чадот можеби доаѓа од Јасен, каде се со денови гори.
