Дрога и тепачка на булевар во Охрид – инцидентите кои се пријавени вчера
На 31.07.2024 околу 22 часот, за време на музички концерт на отворен простор на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, при извршени прегледи кај А.Д.(20) и А.Ј.(21), двете од Тетово, пронајдоа и одзедоа марихуана, додека кај Н.Г.(33) од Струга, пронајдоа бела прашкаста материја. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 01.08.2024 во 02 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во угостителски објект лоциран на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, едно лице физички ги нападнало С.С.(21) и Б.П., двајцата од Охрид. По целосно расчистување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
На 31.07.2024 во 18,50 часот, на пешачката патека после каналот „Студенчишта“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, при извршен преглед врз П.В.(20) од Нови Сад, Република Србија, пронајдоа и одзедоа марихуана. Против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 31.07.2024 во 22.50 часот, на улицата „15 корпус“ во Струга, приведен е Б.Р.(19) од Струга. При извршен преглед, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.