Охрид

(Снимки) Што се случувало пред и во ноќниот клуб во Охрид: забавата завршила на полноќ, поради пијанства имало Брза помош, немало тепачки ниту убиства

Ниту починати, ниту избодени, ниту истепани во охридскиот клуб каде беше српскиот рапер. Ништо од ова не е регистрирано како пријава во охридската полиција, ниту пак, Брзата помош реагирала по пријави за вакви случаи. Забавата траела до полноќ, кога клубот бил испразнет по претходни безбедносни проценки. „Скопје1“ се информираше од повеќе извори за тоа што се случувало вчера во охридскиот клуб каде настапуваше Војаж. Наспроти информациите дека имало хаос, институциите се децидни дека се поминало во мирна атмосфера.

Интервенција на полицијата имало точно на полноќ, но не за тепачки и убиства, туку за да се испразни клубот. Ваква одлука била донесена бидејќи надлежните органи направиле проценка и констатирале дека има преголема посетеност, но и многу малолетници. Затоа, не дозволиле забавата да продолжи до раните утрински часови. Затоа, покрај сцената во клубот, имало полициски службеници.

Брзата помош реагирала само во два случаи. Но не при тепачки пред или во клубот, туку при пијанство на две лица. Истите, биле дехидрирани, па биле повикани доктори за да ги пренесат во охридската болница, што и се случило. Полиција се движела пред возилата за Брза помош, бидејќи пред клубот имало стотици лица кои претходно излегле, но и кои сакале да влезат на забавата.

И МВР, официјално, соопшти дека немало нарушување на јавниот ред и мир. Посочија дека се шекулации и дезинформации објавите во кои се тврди дека имало починати, масовни тепачки, повредени. За ова сведочат и снимките. На ниту една која ја доби „Скопје1“ од различни извори не се гледа тепачка и неред.

На почеток