Македонија

Трагична несреќа на патот Радовиш-Штип: загина струмичанец кој излетал со мотор

ФОТО Илустрација

На 02.08.2024 во 22.05 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Штип, мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од С.М.(35) од с.Василево, струмичко, излетал надвор од коловозот.

По несреќата, мотоциклистот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош, каде од страна на лекар констатирана била смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.

На почеток