Македонија

Вјоса Османи и претходно правела инциденти на скопскиот аеродром, обезбедувањето им се заканувало на вработените дека „ќе летаат” од работа

Не се смируваат страстите, реакциите и обвинувњта со инцидентот на претседателката на Косово Вјоса Османи на скопскиот аеродром.

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово чека итно и целосно објаснување во врска со инцидентот, во кој како што тврдат, Претседателката била соочена со несоодветен и незаконски третман од страна на аеродромското обезбедување. Македонските власти сепак ќе ги чекаат резултатите од истрагата за инцидентот на Скопскиот аеродром со косовската претседателка, па потоа ќе одговорат на барањето на Приштина за извинување кое го испратија синоќа.

ВЛЕН и ДУИ влегоа во отворена војна во желбата кој повеќе ќе ја зштити Османи.

Инаку според информациите на СДК од ТАВ и МВР, ова не е прв инцидент на Осмни на скокога Османи летала со комерцијален лет на „Туркиш ерлајнс“ и „Аустријан ерлајнс“ не ѝ било дозволено да биде изземена од граничната контрола.

На косовската претседателка Вјоса Османи не ѝ е првпат да направи инцидент кога при патување со комерцијален лет одбила да го предаде приватниот телефон и рачниот багаж на безбедносна контрола на скенер пред влез во авионот.

Кога летала со комерцијални летови на „Туркиш ерлајнс“ и „Аустријан ерлајнс“, не ѝ било дозволено да биде изземена од граничната контрола, бидејќи тоа е законска процедура. Авион на редовна линија за Истанбул доцнел час и половина, бидејќи обезбедувањeто на Вјоса Османи се карало со претавникот на авиокомпанијата кој не дозволил авионот да полета без контрола според меѓународните воздухопловни стандарди.ТАВ на 2 август инсистирало таа да го почитува законот и нејзиниот телефон и рачен багаж да помине низ скенер, па нејзините телохранители предизвикале инцидент.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР): „Едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж.Полициски службеник од обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши со уште две лица почнал да им се заканува на вработените од ТАВ.

„Кога се лета со комерцијална линија секој патник, меѓу кои и шефови на држави, мора да помине низ контрадиверзиона заштита, бидејќи шефот на држава не лета сам, туку со над 100 други патници во авионот, а контролата е за безбедноста на сите патници и на екипажот кои се на тој комерцијална лет. Секое досегашно македонско државно раководство, секогаш кога лета со комерцијален лет.

Со секое полетување обезбедувањето на аеродромот им гарантира на компаниите дека нивните екипажи и сите патници се проверени и се безбедни. Шефови на држави не поминуваат низ безбедносна контрола само кога летаат со владини авиони, но тогаш се сами одговорни за безбедноста“, велат нашите аеродромски извори.

ТАВ Македонија категорично ги отфрли наводите дека нивниот вработен од Одделот за обезбедување се обидел да го одземе телефонот на претседателката Османи.

На почеток