Македонија

(Видео) Малку пцовки, малку свирежи: на границата Грција-Македонија се чека со саати, нервозата расте, ништо подобро и на ГП „Прешево“

Македонците се враќаат од продолжен викенд, а Србите од одмори – на граничниот премин „Евзони“ се чека со саати. Ваква е сликата за влез во Македонија од зори.

Гужвите не се намалуваат, а се зголемува нервозата. Најдолго се чека на грчка страна, но поради проверките, застој има и на граничниот премин „Богородица“ односно македонската страна. Времето за чекање постојано се зголемува, а нервозата кулминира со свирежи и пцовки.

Србите, дополнително имаат проблем за влез во Србија. На граничниот премин „Прешево“ исто така има огромни гужви.

На почеток