Македонија

(Видео) Гужви кон Скопје: критично кај Гостивар, километарски колони

Со завршувањето на продолжениот викенд, а по празникот Илинден, Охрид почна да се празни. За тоа сведочат и гужвите, кои традиционално, како и секоја година, ги има на пат до Скопје.

Стандардно, и оваа година најголеми гужви се создаваат од Стража кон Гостивар, каде има километарски колони. Проблемот е во семафорот, кој иако исклучен, сепак прави застој, а возилата стојат и во место.

Традиционално, почетокот на август се намалуваат и гужвите низ главниот туристички центар.

На почеток