Навечер стивнува, наутро се разгорува: пожарот во охриско се гасне со два воздухоплови

Од
Објавено на

Навечер стивнува, наутро се разгорува. Трет ден се гасне големиот пожар во охридско. Дејствуваат стотина лица, од доброволци, до пожарникари и други институции.
Од ЦУК посочуваат дека дејствуваат и два воздухоплови. Едниот е полицискиот на МВР, другиот е помошта што дојде од Србија.
Во текот на вчерашниот ден беше направен земјен појас над селата што ќе спречи ширење на огнот кон населените места.
