Македонија

Таравари од здравство упадна во судство, па се пофали за ослободување на припадникот на УЧК: Тоа беше мисија што ја остваривме

Министерот за здравство и политичар Арбен Таравари гордо се пофали на ФБ дека ослободувањето на поранешниот припадник на УЧК, Блерим Рамадани било мисија која ја остваривме. Еве што напиша Тараваи:

„Го поздравувам ослободувањето на поранешниот војник на УЧК Блерим Рамадани. Да го ослободиме беше мисија што ја остваривме и неговата слобода носи радост за сите нас”.

Одлуката Рамадани, кој е баран по српска потерница, да оди од екстрадиционен во домашен притвор, официјално ја донесе Кривичен суд, а не политиката.

Загрижува што по ваквата изјава на Таравари нема никаква реакција, ниту од новинарите, ниту од НВО, ниту од судската власт, ниту од политичарите, иако се работи, ако е вака како се фали Таравари – класичен упад во судството.

Дали Таравари ја навестува бидејќи ја знае или притиска за конечната ослободителна одлука за Рамадани следната недела.

За двојните аршини и навивањето говори податокот кога поранешниот министер за правда Бојан Маричиќ оправдано беше „распнат на клада” од сите затоа што кажа како се гласало во Апелација кога требаше Сашо Мијалков да се брани од слобода.

Сега молк. Можеби бидејќи е топло и годишни одмори.

На почеток